Основан мај 2021 година после успешните ресторани Бела Виста и Соул Кичен ИГ групацијата се проширува и докажува во угостителството со него. Буенос Диас е мексикански ресторан со автентична храна, традиционални мексикански вкусови и специјалитети кои гостите можат да ги вкусат во ултра модерна архитектура и луксузен дизајн. Уникатниот ентериер во кој ќе се почувствувате како во тропските мексикански шуми во комбинација со вкусната храна ќе ќе ви овозможат да ги почувствувате вибрациите на Мексико. Во менито можете да најдете свежо гвакамоле, превкусен начос чипс со пикантна салса и топен кашкавал, а од тортиљите кои сами ги приготвуваме може да најдете сочна кесадиља, бела или црвена енчилада, крцкаво тако, крем супа од халапењо пиперки или пак мексиканска пченка салата.
Локацијата е во фуд корнерот на Центар, на шеталиштето на Кејот на Вардар и доколку сакате да вкусите нешто различно, тогаш Ве очекуваме на вкусно мезе и совршена маргарита!
No products in the cart.